ImproInfini

сабота, февруари 24, 2007

Akira

Доколку во своите филмови европјаните го прикажувале својот сензибилитет, амреиканците нивната моќ, богатство и желба за спектакл јапонците дефинитивно ја покажуваат својата настраност. Акира е токму таков филм, настран, луд и сосема поинаков од што и да било друго сервирано од холивудските студија. Претставува една тотална мешаница на футуризам, акција, и научна фантастика за да на крајот експлодира ширејќи се себеси во најодалечените агли од човековата (т.е. јапонска) настрана фантазија! Во филмов има буквално се, акција, мотори, брканици по улиците на Ново Токио, државни удари, полиција, политика, пукотници, експлозии, крв, утроби, ужас и една од најлудите с-ф приказни до сега. Можеби е анимација но е далеку од цртано семејно филмче!

tatsuo

Акира е направен 1988 но од е една од најдобрите анимации што досега ги имам гледано и ми се чини дека уште долго нема да видам ништо подобро (Spirited Away можеби)! Деталите со кои што е исцртана околината се феноменлни иако на самите ликови и не им се посветува големо внимание. Сепак тоа е разбирливо доколку се земе впредвид колку се јапонците про-тек настроени и нивниот очигледен недостаток на личен идентитет. Од анимациска гледна точка Акира е многу пред Ice Age, Shrek, Incredibles кои иако се прилично комплексни 3Д анимации далеку каскаат зад Акира! Со филмов всушност се покажува колку е моќна анимацијата како начин на филмска презентација! Овозможува до најситен детал да се претстават и најневозможните моменти од која и да е приказна. Иако нема живи ликови дури и на полето на психологија на ликовите е можно далеку да се дотурка со добро разработена приказна.

teddy

Акира не е само 124 минутна анимирана с-ф акција! Акира поставува голем број филозофски прашања вредни за внимание. Убаво ја разработува човековата природа и желбата за моќ што некогаш излегува од границите на она што е дозволено. Потоа тука е и прашањето за новите почетоци, за војната и и целосното уништување како прв чекор кон повторната изградба. Вреди тука да се спомнат уште многу работи. Од важноста на Акира во светот на анимацијата и воопшто во светот на филмот врз кој остава голем жанровски впечаток. Преку прекрасниот soundtrack што одлично се слева со секој момент и со секое случување од самиот филм. Особено се интересни неколкуте делови, секвенци, без каков и да е звук! Немо! А во позадина анимација од која застанува здивот! Ова западњациве би рекле: Beautiful film making!

akira1

Цитат по избор: “Ново Токио е како презрела овошка што полека почнува да паѓа. Но внатре има ново семе што треба да роди. Се што треба е да чекаме да дувне ветрот и овошката да ни падне во рацете. Да го чекаме ветрот што се вика Акира!”


Што кажуваат другите за Акира:

New Times (L.A.) : One of the few unanimously acclaimed classics of Japanese animation.

The New York Times: Violent as it is on the surface, Akira is tranquil at its core. The story's sanest characters plead for the wise use of mankind's frightening new powers, lending the whole film the feeling of a cautionary tale.


Washington Post: The most expensive animated feature ever made in Japan (over 1 billion yen) and it's easily the most impressive, as well.

Village Voice: Some kind of fever-dream masterpiece, easily the most breathtaking and kinetic anime ever made and one of the most eloquent films about atomic afterclap.

Cyberpunk Review: Akira has terrific adult visuals and a great sound track. As a personal preference though, I wasn’t as thrilled with the later half of the movie. Some love it, I didn’t nearly as much. There seems to be a debate where people either love this or Ghost in the Shell (guess which one I love?). It almost seemed DragonballZ-like, but again, this is also personal preference. Regardless, Akira is a true giant of anime and should be considered required watching for anyone who wants to learn more about cyberpunk or anime.

недела, февруари 18, 2007

Лавиринтот на фаунот


Добитникот на овогодинешнава BAFTA за најдобар филм од не-англиско говорно подрачје...и сосема со право! Кога би било право би требало да го добие и оскарот во истата таа категорија. Исто како што се оправдани сите 6 Оскар номинации, сите 25 добиени награди и 45 други номинации и 64то место (за сега) на imdb.com листата на најдобри 250 филма на сите времиња (по избор, нели, на корисниците). Во ова филмско ремек дело режисерот Guillermo Del Toro повторно се навраќа (како и во El Espinazo del Diablo) во Шпанија за времето на Франко и граѓанската војна но со примеси на фантастичното и надреалното. Изгледа дека веќе тој период од постоењто на Шпанија и фантастичните елементи во комбинација
му стануваат своевидна филмска преокупација на Del Toro. Особено ако се знае дека веќе има во пред-продукција трет негов филм, под наслов 3993, кој е сместен во истото тоа опкружување.

Лавиринтот на фаунот е приказна за едно несреќно девојче кое кое бегајќи од сите проблеми и лоши нешта кои ја опкружуваат (болната мајка, злобниот очув, граѓанската војна во која е директно турната) создава свој сопствен свет во која наоѓа сопствено прибежиште. Тоа е свет на бајки, на самовили, на кралеви и принцези и се разбира на еден фаун и еден лавиринт. Филмов е приказна за човековиот сензибилитет и
неговата често сурова природа. Изгледа некако детски и можеби како клишејна борба добро наспроти зло .... но не е. Филмов е се освен клише! Начинот на кој вистинскиот свет влијае врз креирањето на светот на фантазија на девојчето е сосема уникатен и за прв пат виден на филм.

Глумата е беспрекорна од сите, фотографијата и костимографијата се прекрасни а приспивната песничка која е 'лајт мотив' на музиката во филмот неможам да ја извадам од глава веќе неколку дена. Значи се на се ептен добар филм што несмее да се пропушти по никоја цена. Гледајте то пред оскарите за да има за кого да навивате ;)

недела, февруари 04, 2007

Дали The Departed вреди за Oscar?!


The Departed е несомнено еден од најдобрите филмови од минатата година и еден од подобрите последнава деценија. По ѓаволите, според imdb.com филмов е 77ми на сите времиња, со тенденција на искачување. Режијата е на Martin Scorsese, сценариото на Siu Fai Mak и глумечка екипа од која буквално боли глава: Leonardo Di Caprio, Matt Damon, Jack Nicholson, Mark Wahlberg, Martin Sheen се имиња кои зборуваат сами за себе!

Е ако забележавте сценаристот е јапанец! Чудно нели?! Особено што некако Scorsese се наметнува како режисер на типично американски приказни! Е тука има голема отстапка. The Departed не е оригинална американска приказна, приспособена е т.е. преработена. И мене ми беше ептен чудно ама да, The Departed всушност е преработка на јапонскиот филм од 2002 Infernal Affairs (Mou Gaan Dou), филм што исто така котира прилично добро на imdb.com (239то место). Но за сега тоа на страна....

The Departed има две феноменално силни страни. Глумата и атмосферата.

Leonardo Di Caprio е се подобар и подобар и се покажува како еден од најдобрите глумци под 35 години во моментов. После филмските успеси што ги нареди минативе би помислиле дека ќе се умори и дека ќе забави и со темпото на продукција на филмови и уште повеќе, би помислиле дека нема шанси постојано да е толку добар. Напротив, тој прави се повеќе филмови и во нив е се подобар и се подобар, постојано на една нагорна скала на подобрување. Некако се чини дека како глумец е целосно созреан и дека веќе на 35 години би можел да изглуми ама баш се што би му било понудено и дека тоа ќе го направи подобро од кој било друг на 'пазарот'!

Matt Damon is back too! После неколку сосема позерски филмови како Oceans серијалот и Grimm Brothers кој беше забавен но и ништо повеќе Damon се враќа со едно големо bang! Тој е толку добар во улогата на расипаниот детектив што едноставно неможете а да не го мразите! Едноставно е феноменален! Можеби подобар и од The Talented Mr. Ripley!

Како можеа само Wahlberg да го номинираат за оскар за споредна улога а да го испуштат Jack Nicholson?! Мислам, Wahlberg беше ОК ама и не можеше да не биде ОК кога се појавува во се на се 15 минути од филм кој трае 2 а ипол саати! A Jack Nicholson беше навистина capo di tutti capi иако не на италијанска него на ирска мафија. Абе глуми добро до степен да ти е стварно страв од него! Самиот негов настап создава атмосфера на тензичност и некое смртно исчекување, што ли ќе направи будалава сега?! Дефинитивно заслужи оскар за оваа улога. А замисли, еден од најомразените глумци ми е!!

И со една ваква добра глума снабдена од тројцава погоре и сите останати, атмосферата беше супер! Напната неизвесна, се соживувате и со ликовите и со ситуациите. Едноставно се чуствувате како во нивна кожа, сваќате како е да си овца во дувло на волци. Ама потеницајлно многу опасна овца :)) На сето тоа надоплнува и еден од подобрите саундтраци во последно време и тоа многу умешно проткаен низ целата приказна.

Што се однесува до режијата, апсолутно е на нивото на Scorsese. Би било срамота од еден режисер од негов ранг да се добие нешто помалку т.е. полошо.

Значи, како крајна оценка, филмот е феноменален. НО....не е за оскар! Можеби престрого но ете не е! Прво, преработка е, второ од режисерска гледна точка е солиден но не и феноменален револуционерен или досега невиден! Имало мнооогу филмови до сега со ептен подобра режија па сепак не добивале оскар. Плус, приказната е веќе видена, раскажувана, прераскажувана! Ако на некое поле би заслужил оскар тоа е Editing номинацијата. За глума исто така, но заа жал никој од 'правите' не е номиниран. Америчка работа.....

P.S.

Добро....може сум престрог...може и вреди. Незнам... Гледајте па одлучете!