ImproInfini

четврток, август 02, 2007

Marie Antoinette


Лош филм! Лош филм по многу критериуми! Повеќе наликува на изложба од сцени. Како да нема слободен тек на настаните, како едно со друго работите и да не се поврзани! За тоа допринесува и музиката што на моменти е некој луд инди рок а на моменти класична музика од тој период. Збунувачки беше колку и да се трудев да најдам оправдување за таквиот музички избор. Музиката понекогаш почнуваше на сред сцена, без најава и без никаква согласност со самата сцена. Целата атмосфера во филмот изгледаше некако суреално.....како некој после 300 години, да се вратил во Версај и шетајќи се од соба во соба низ замокот да се потсетува на настаните што се случувале таму. Во филмот се зборува на сите можни акценти на англискиот јазик освен на францускиот, само децата зборуваат на француски....направија дека тоа е јазик само са недозреани.

Единствена светла точка е костимографијата за што филмов мислам дека освои и Оскар и неколку други награди. Kirsten Dunst си е стандардно добра, не дека имаше којзнае колку сцени со вистинско глумење. Сепак, изгледа и повеќе од прекрасно!

Сума сумарум, филмов е строго за вљубениците во француски фустани и перики од 18ти век (за кои што филмов е своевидна изложба) и за вљубените во Kirsten Dunst.

Етикети: , ,

3 коментари:

Објави коментар

Претплати се на Коментари на објава [Atom]

<< Дома