ImproInfini

недела, март 18, 2007

Listening.....


Во долапот од ноќта го слушам ехото на нејзиниот глас! Се врти и превртува! Извикува едно име по стопати! Ми го пара срцето, си игра криенка низ него тој глас што никогаш не ми дава мир! Повикува за помош, бара подадена рака! Се пружам во длабочината на темнината! Се подавам за миг но брзо се сепнувам и себично се повлекувам назад! Таа сепак не го повикува моето име, повикува некој друг! Бегам во сонот но и таму нејзиниот глас несопирливо ме следи! Shut up I'm dreaming!!!! Сонувам дека во долапот од ноќта го слушам ехото на нејзиниот глас! Се врти и превртува! Извикува едно име по стопати! Моето!

3 коментари:

Објави коментар

Претплати се на Коментари на објава [Atom]

<< Дома