ImproInfini

сабота, јануари 27, 2007

Свила


Само што завршив со читање на Свила од Барико. Италијанците не престануваат да ме изненадуваат со нивната раскажувачка способност. Свила е мајсторски напишана приказна за љубовта, животот, судбината..... Се во неа може на некој начин да се поистовети со свилата, со нејзината деликатност, нејзината убавина, нежност. Сепак, за книгата најубаво кажува самиот Барико, ми се чини дека и никој друг не би можел да направи поубав предговор или на поубав начин да ве поттикне да ја најдете и прочитате.

"Ова не е роман. Ниту расказ. Ова е една повест. Започнува со човек кој го обиколува светот, а завршувасо езеро кое се наоѓа некаде таму, во еден ветровит ден. Човекот се вика Ерве Жонкур. Езерото - не е познато.


Би можело да се каже дека ова е љубовна повест. Но, и кога би била само тоа, не би вредело да се раскаже. Во неа има копнежи и таги, за кои добро знаеме што се, но вистинско име за нив немаш. А сепак тоа име не е љубов. (Тоа е позната работа. Кога немаш име за нештата, тогаш употребуваш приказни. така оди тоа. Со векови.)

Сите повести имаат своја музика. Оваа има бела музика. Важно е да се каже тоа, зашто белата музика е чудна музика, напати те збунува: се свири тивко и се танцува бавно. Кога добро ја свират, небаре ја слушаш тишината како свири, а кога ги гледаш оние што ја танцуваат божествено, чиниш неподвижни се. Тоа е проклето тешка работа, таа бела музика.


Нема што друг да се додаде. Можеби е добро да се појасни дека се работи за повест од деветнаесетиот век: колку да не очекува некој авиони, машини за перење и психоаналитичари. Нив ги нема. Можеби друг пат...."

Сите самопрогласени и самоиздигнати писатели сите они што искрено сакаат да станат писатели нека ја прочитаат да видат како тоа треба да се пишува. За обичните луѓе кои ја сакаат убавината на пишаниот збор нека ја прочитаат за едноставно да уживаат во стотина прекрасни страници.

30 коментари:

Објави коментар

Претплати се на Коментари на објава [Atom]

<< Дома