ImproInfini

петок, јануари 12, 2007

Murakami


Се почна кога прв пат ја видов Норвешка Шума од Харуки Мураками негде по нашиве книжарници. Компулсивно пребарувам за се и сенешто по интернет па и Норвешка Шума не беше исклучок. Испадна дека Мураками е еден од најистакнатите модерни Јапонски писатели. Неговите дела биле на големо читани не само во Јапонија него и на секаде во светот и неговите книги биле преведени на повеке од триесетина јазици. Шуќур и на македонски но за жал по македонското правило на 'lost in mainstream' читатели и издавачки куќи, преведена е токму 'најневредната' . Наводно, Норвешка Шума е значително излигавена, патетична и сосема американизирана во однос на неговите типично Јапонски претходни романи. Тие пак да ти биле полни со фантастични, надреалистично-налудничаво-суреални моменти. Таман за мене. И неговото најпознато дело баш од тој 'жанр' е.....глуп ја, не запамтив, запамтив само дека има долг и чуден наслов...ништо повеќе.


Оп, таман пред Н.Г. гледам во книжара ново издание на Мураками. Јужно од границата западно од сонцето - ем долг ем релативно чуден наслов. Купуем! си викам јас, мора да е таа!! Е јеби га, ко да незнам шо баксуз сум, уште повеќе, ко да незнам какви издавачки куќи имаме....се заебав! Не бил ова долгиот наслов што мене ми требал, друг бил! Сватив само што почнав да читам! Пребарав по net и што да видам, ја напишал дур бил во САД кај што држел предавања на некој од универзитетите и ја вбројуваат (според тематика) во ист тип како Норвешка Шума само нешто понепозната на јавноста. Епа fuck! Промашување ама се давало пари, ќе се чита!!!

Изненаувачки за книга на македонски издадена во поново време што преводот изгледаше дека е сосема ОК. Незнам колку отстапува ама барем немаше дебилности и нелогичности. Некој очигледно читал и преведувал истовремено. Можам да замислам колку само се загубило во преводот од Јапонски па на Англиски па на Македонски. Не е ни важно на крајот!


Јужно од границата западно од сонцето е книга за детството, за созревањето и за средовечните кризи на еден Јапонец (паптетично нели?!) За неговите љубовни врски, успеси, неуспеси, соништа, планови, осаменост, друштва, жена, деца.... (лигаво а?!)
Пред се ова е книга за носталгијата! За оние љубови кои ги имаме во детството и во малдоста и кои никогаш не ги среќаваме повеќе. Го среќаваме само прашањето "Што ако ги сретнеме? Како ќе се чуствуваме? Дали се ќе сруши? Дали ќе биде сеедно?!". Но што ако прашањава ни станат опсесија? Што ако максимално ни го напнат животот?! Замислете си со години постојано да размислувате за вашата прва голема љубов и по 25 години таа ненадејно да се појави на вратата во најдобро можно светло?!

Тоа од прилика би биле премисите. Како и да е, да ја тргнам нивната патетика на страна и патетиката на ваквите излитени теми на Казабланки и љубавни триаголници ова е еден сосема солиден па ако не и одличен роман! Приказната е пренесена јасно, прецизно, сосредоточено. Се чита во еден здив. Мураками знае како со најмалку можни зборови да ни ја отслика психата на ликовите, на моменти е толку реално тоа што го зборува што дури те тера да посегнеш со рака кон нештата што ги слика. Низ улиците на модерна Јапонија,
проткаена со безброј Jazz референци приказната нагло се тркала кон едно сосема удобно кочење и .....хмм....сосема неочекуван крај.

Романов може сосема слободно да се разгледува како најобична животна приказна на најобичен човек, со сите вољи и невољи што тој ги носи. Но во секој случај, нормално само доколку се сака, може да се земат в предвид и сите фантастични елементи т.е. обичните елементи да се разгледаат од фантастична перспектива. Да се размисли за сите грижливо нафрлени референци и изобилие чудни моменти. Е тогаш веќе имате еден баш 'Мураками' роман кој ве остава да размислувате долго по самиот крај за можните толкувања на една така едноставна приказна.

Етикети: , ,

3 коментари:

Објави коментар

Претплати се на Коментари на објава [Atom]

<< Дома