ImproInfini

среда, јануари 10, 2007

Dr. Strangelove


Под режисерската палка на Kubrick би било глупаво да се очекува било што друго освен брилијантен филм. Овој филм воопшто не е исклучок на правилото. Лесно може да се каже дека ова сигурно е еден од најдобрите црно-бели фимови. Голем број луѓе би рекле дека е и воопшо еден од најдобрите филмови на сите времиња. Малку е тешко да се гледа сега, во денешно време кога технологијата на филмот е светлосни години понапред од 1964 но доколку се исклучи целиот тој технолошки сегмент од оценката ова е еден навистина солиден филм. Можеби не до толку солиден да стигне на место 19 на топ 250 листата на филмови на сите времиња на imdb.com но сепак сосема солиден.

Сценариото е прилагодено од новелата "Red Alert" од авторот Peter George, кој заедно со Kubrick ја пишува адаптацијата. Во главна улога е Peter Sellers (единствен попознат) кој што е едноставно феноменален. Начинот на кој што ја предава улогата, жарот со кој што го прави тоа и пред се различноста на ликовите што ги глуми во филмот прави секој 'модерен' глумец да му позавиди. Во тоа време сосема непознат и во сосема мала (но важна) улога се наоѓа и James Earl Jones кој денес е еден од најславните црни актери во САД.

Приказната е можеби најсилниот адут на овој филм. Иако главна нејзина тема е студената војна, пораката што ја нуди сосема успева да добие една вонвременска димензија и една општочовечка нота. Таа е една сатирична шлаканица за човештвото воопшто. За опасната непромисленост на Русија за слепата ароганција на САД. Со помош токму на својата приказна овој филм претставува антикампања против и најситниот Хитлер што живее во секој од нас. (Забележете ја раката на Dr. Strangelove на постерот!)

Ова би биле само грам од сите причини за да се погледне филмов.

TV Guide: The film is a model of barely controlled hysteria in which the absurdity of hypermasculine Cold War posturing becomes devastatingly funny--and at the same time nightmarishly frightening in its accuracy.

Chicago Sun - Times: Seen after 30 years, Dr. Strangelove seems remarkably fresh and undated - a clear-eyed, irreverant, dangerous satire. And its willingness to follow the situation to its logical conclusion - nuclear annihilation - has a purity that today's lily-livered happy-ending technicians would probably find a way around.

Chicago Tribune: This landmark movie's madcap humor and terrifying suspense remain undiminished by time.

The New York Times: The ultimate touch of ghoulish humor is when we see the bomb actually going off, dropped on some point in Russia, and a jazzy sound track comes in with a cheerful melodic rendition of "We'll Meet Again Some Sunny Day." Somehow, to me, it isn't funny. It is malefic and sick.

П.С.

Целото сценарио на филмов, секој кажан збор е напумпан со перфектен сарказам и е бисер сам за себе. Сепак, еден од моите најомилени цитати од филмов ми е:

"Gentlemen, you can't fight in here! This is the War Room."

:))

4 коментари:

Објави коментар

Претплати се на Коментари на објава [Atom]

<< Дома