ImproInfini

понеделник, декември 04, 2006

Гррр......

После два филам конечно и една книга од мене ја добива етикетата на ОДВРАТНО! Читав 90 страни цели 4 месеци и се откажувам тука и сега!!! Има уште 20 до крај ама неможам па ако треба нека и најдобриот крај на книга во сиот свет, нека е расплет над расплетите, ремекдело, Давид, Мона Лиза.....што сака!! Крајот го краси делото, знам, но ако се до крајот е така досадно како овие 90 страни тогаш вистински краеви подобро да не постојат!! Не се грижам за скриени пораки, убавина во пишувањето, стил, значењето на Ман во светската литература! Ма не ми е ни ронка гајле! Крај! Ја затварм и никогаш повеќе не ја отварам проклето глупавава книга!!

Целата книга е всушност опис на престојот на славен германски писател во Венеција (има тука доста за анализирање кај главниот лик ама џабе, изгубив желба)! Сето натрупано до таваница со педофилско-хомосексуалната опсесија на писателот со унгарскот момче со одвратно име што случајно го среќава во хотелот во кој претстојува! Земено како целина, книгава е неверојатно репулсивна! Можам слободно да ја поистоветам со индиската колера што се шири низ Венеција при последните страни! Гнасно! Чума од Ками беше гнасна ама барем имаше поента!! Ова ич! Без цел!

Ги жалам само децана во средно што мораат да ја работат како лектира!!

Идам понатаму....доста книги се наредија за читање во меѓувреме!

26 коментари:

Објави коментар

Претплати се на Коментари на објава [Atom]

<< Дома