ImproInfini

недела, декември 03, 2006

Talking Timbuktu


Гитаристот Ali Farka Toure постојано прави обиди за премостување на јазот помеѓу традиционалната африканска и модерната американска вернакуларна музика, па се чини дека традеција во полн замав продолжува и на ова CD. На него тој пее на 11 јазици, свири на акустична и електрична гитара, шест-жично банџо, њарка (njarka) и перкусии. Сето тоа во комбинација на една all-star екипа: басистот John Patitucci, тапанарот Jim Keltner, Hamma Sankare на калабаш (calabash) и Oumar Toure на конги. Можеби и најзвучното име на албумов е американскиот гитарист Ry Cooder чиј потпис стои и во графата за продуцент на овој албум. Ry Cooder, е добитник на Award for World Music 2006 за Америка (сите 'Америки') што секоја година ја доделува BBC radio! Удел во таа награда има токму и овој албум како пример за ширење на вредноста на музиката и поврзување на народите, нациите и религиите токму преку нејзиното значение и големина. Talking Timbuktu е продаден во над 750.000 примероци ширум светот.

Прелистувајќи разни страници, барајќи информации за албумов и за сите што помогнале во неговото создавање, сретнав една интересна реченица која гласи: "Се чини дека најубавата музика во светот потекнува токму од најсиромашните земји". Овој албум на африкански блуз до некаде го потврдува кажаното (Ali Farka Toure е од Мали и најголемиот дел од својата инспирација ја црпе токму од својата родна земја). И не само овој но и уште многу други албуми кои доаѓаат од најсиромашните делови на светот а успеваат веднаш да пленат! Земете ја само Македонија како пример :)

2 коментари:

Објави коментар

Претплати се на Коментари на објава [Atom]

<< Дома