ImproInfini

вторник, ноември 14, 2006

Natural Born 8 oclock News!

Прво мислев дека целиов филм може да се објасни со еден единствен збор, а то а е 'туршија'! И тоа, псиоходелична туршија, без ниту грам грижа на совест дека можеби ќе ти предизвика пролив како последица од нејзиното конзумирање. Ама ете грешка, филмов не е ни приближно 'хранлив ' како туршијата, што би се рекло, ронка Це витамин нема во себе! Бесмислено и бесцелно часиполно уништување и насилство. Тарантино се налутил на комшијата што кучето си го мочал кај него у тревник па фатил филм напишал да си ги истера фрустрациите. Болно човече е тоа Тарантино. За разлика од другите негови филмови, кои исто така се полни со насилства разно-разни, во овој е испуш(т)ена димензијата на забавност. Како да седнеш во 6 пред ТВ и до 9 да ги изгледаш вестите по сите можни канали па дури и некои нивни репризни изданија. Пробав и три пати заспав, исто како и на филмов!!

П.С.
За глумата, секоја чест!!

3 коментари:

Објави коментар

Претплати се на Коментари на објава [Atom]

<< Дома