Summer wine
На неколку пати на радио имав слушнато само дел од една песна. Секогаш беше на поминување, на брзање, на излгување. Не добив никогаш шанса да ја слушнам цела, можеби поради тоа што не слушам радио редовно! Кога ја слушнав последен пат од некоја кола што стоеше до мене на семафори успеав да запамтам дел од текстот: "...strawberries cherries and an agels kiss...." и се ставив во потрага! Не беше никаков проблем од Google да откријам дека песната е "Summer Wine" испеана од Nancy Sinatra и Lee Hazlewood во 1966 инаку B-Side на песната "Sugar Town". Песната има прекрасен тескт и е еден од најубавите дуети кои ги имам некогаш чуено.
Приказната не завршува тука. Имено, 2007ма песнава доживува препев (може и затоа се вртела по радиостанициве :) и тоа од никој друг него од Ville Valo (кој со HIM подолго време немаше ништо добро испеано па ова беше фино изненадување) и за мене релативно непознатата типка Natalia Avelon. Го најдов спотот на YouTube..... и посакав да ја познавам Natalia Avelon неееешто подобро! :)
Natalia Avelon (родена Natalia Siwek на 29ти март 1980) е германска актерка од полско потекло. 2007ма го снима филмот Das Wilde Leben (Дивиот Живот) во кој ја игра Uschi Obermaier, првата позната германска groupie од 60тите. За него како cover песна ја препеува Summer Wine со Ville Valo. Филмот е приказна за германското хипи движење, сосема нормално, исполнет со многу слободна љубов, со голото тело на Авелон и милиони бои! Се соменвам дека филмов ќе стане познат и дека ќе доживее некоја поголема светска дистрибуција иако би требало, ако не поради нешто друго, поради ...ееех...прекрасната Avelon.
Blogged with Flock
Етикети: Das Wilde Leben, Natalia Avelon, Summer Wine, Ville Valo
<< Дома