ImproInfini

понеделник, јули 23, 2007

Читајќи ја "Синобрадиот" - прв дел


Долго време неможев да ја класифицирам книгава жанровски или како и да е. Правев неколку лаички обиди ама се не ми успеваа. Некаде пред крајот на неа ми се чини дека најмногу е комедија, црна и тоа! Сатиричен и неверојатно саркастичен поглед на работите што ни ги сервира животот. После, книгава може да се каже дека е биографија, но сепак божемна, а е и еден вид дневник! Уште поедноставно, Синобрадиот е збир погледни на обичните работи во животот од малку понеобичен агол.

Вонегат е неверојатно лесно читлив. Не се задржува предолго на еден настан или на едно единствено размислување. Секогаш ќе го прекине нешто што, ете во тој момент, му се нашло поинтресно за пишување, но останува прецизен и концизен. Големата слика постепено си се гради и не е нејасна. Таква е можеби во неговите други дела. Како што прочитав ова му е еден од ретките романи без примеси на научна фантастика! Овој роман има наместо тоа примеси на чудни ерменски имиња, осаменост и горчина. Којзнае, до крајот работите може ќе се сменат. Ова прв пат размислувам за книга пред уствари да ја завршам.......

Главниот лик, Карабекјан, што всушност е ерменски бегалец во САД во своето последно доба од животот има навистина чудни погледи на нештата. Тука се гледа сличноста помеѓу Вонегат и него! Како авторот да си го пресликал својот карактер на главниот лик. Еве некои од размислувањата:

За просчно интелегентните:

Просечно надарената личност мора својата надареност да си ја затвори во шише, додека, да се изразам така, не се напие на некоја свадба и не почне да степува, како Фред Астер или Џинџер Роџерс. Имаме и име за таквите. Ги викаме "егзибиционисти".
Како ги наградуваме таквите егзибиционисти? Им велиме следното утро: "Како беше начукан, или начукана, синоќа!"


За ЊуЈорк Тајмс:

А погодиете што прочитав уште во ЊуЈорк Тајмс ова утро!? Генетичарите имаат непобитни докази дека мажите и жените некогаш биле различни раси - мажите еволуиралево Азија, а жените во Африка. Тоа што кога се сретнале се вкрстиле е чиста случајност.
Клиторисот, продолжува умувањето во весникот, е последен остаток на распаднатиот орган на освоената, поробена, тривијализирана најнакрај ослабена раса на послабите, што не значи и поглупави, антропоиди!
Си ја откажувам претплатата!


За универзумот:

...универзумот почнал кога една јагода од пет килограми експлодирала седум минути по полноќ пред три трилиони години!

За македонците:

Застанавме да посматраме една тепачка меѓу двајца белци пред еден бар во Третата авенија. Блаботеа на некој јазик кој не го разбиравме. Можеби беа Македонци или Баски или фризијски островјани или нешто слично


ц ц ц од секогаш сме правеле само проблеми!!

Етикети: , ,

Vacancy


Со исклучок на Psycho (1960) кој го немам гледано, ова е можеби најдобриот филм во slasher movie класата. Во Vacancy има баш се што беше испуштено во Friday 13th, I know what you did last summer, Valentine, Scream и многу други! За разлика од нив тука Beckinsale, Wilson и Whaley (психо мастермајндот) глумат одлично па дури и предобро за ваков тип на филм! Ликовите се доста промислени и не прават класични глупи потези што расипуваат расположение :) Осебно ми се допадна што целиот филм е како една куса вињета, еден времеснки исечок од животите на главните актери поврзани со мотелот. Нема објаснувања што, кој, зашто како, што било пред тоа..... апсолутно и нема потреба! Филмот се фокусира едноставно на настаните од таа ноќ и толку. Одличен трилер!!

Етикети: , , ,

четврток, јули 19, 2007

The Number 23


Почна лошо. Ми се чинеше дека целиот заплет е прмногу избрзан, збутан и некако силуван. Како да немаше слободен тек на нештата него таму кај што идат да се туркани со сила. Наликуваше на моменти на типичен hard-boiled крими роман потоа на епизоди од Sin City само со многу повеќе боја во нив! Падот во параноја на главниот лик верувам дека можеше да се прикаже на многу подобар начин. Вака како на гледачот да му се оставаше да свати дека тој полудува а не и да го почуствува тоа. Кога мислев дека веќе треба да заврши видов дека изминале само 50 минути!

But then came the mother of all twists! :) Како до тој момент да сакаше филмон да ме опушти и разочара за да после грубо ме тресне од ѕид......добро, не толку грубо! Сепак, после првите 50 минути филмот е сосема солиден, многу покохерентен и насочен. И Carrey e сосема солиден, само стврано неможев да се решам каде беше подобар, тука или во Ace Ventura - Pet Detective! Расплетот беше прилично непредвидлив што и е фина промена за филмовиве од последно време!

За крај можам само да кажам дека вреди да се погледне поради сосема несекојдневната приказна, добрите flash-backs, the suicidal blond и морничавите испишани ѕидови. Сепак, останува чуството дека една ваква добра приказна можела да се претстави на неспоредливо подобар начин од овој!

Favorite quote: "There's no such thing as destiny. There are only different choices. "

Етикети: ,