ImproInfini

недела, мај 20, 2007

B for Brazil and T for Terry Gilliam


Ако до сега се сомневав во генијалноста на Terry сега веќе е кристално јасно дека дека неговиот брилијантене талент во уметноста на правење филмови е сосема неоспорен! Но тој не е како другите режисери кои исто така можат да се наречат генијални, тој и неговите филмови се приказна за себе. Никако не би можел да кажам дека се школски пример за добар филм! Дури и од најкраток кадар може веднаш да се препознае негов филм, по уникатноста на белезите што ги остават врз своите филмски дела. И токму таа негова особина го прави добар! Неговите филмови се исполнети со детали, се чини дека се е поради некоја причина ставено таму каде што е и ништо не е случајно! Чудни ликови, некогаш грозни, некогаш убави, често и двете одеднаш! Дијалозите се паметни и досетливи и никогаш не се ставени за да го исполната кадарот и времето но секогаш со апсолутно оправдана причина. Секој негов филм е саркастична шлаканица врз секојдневието на човекот и сите оние работи. Во Monty Python ја исмева религијата, митовите и легендите, во Brazil бирократијата .... се што на еден или друг начин ни врши безусловна опресија. Се чини дека се буни против се што ни е без наша воља наметнато. Атмосферата во неговите филмови е суреална, неретко мрачна и на моменти тешка па дури и сосема песимистичка.

Brazil за прв пат е прикажан 1985 и е еден од ретките филмови со толку задкулисни игри и 'војна' зад сцената. За среќа Тери не попуштил пред големите холивудски могули и успеал да ја задржи и да ја прикаже оригиналната приказна пред публиката. Тоа е европската верзија на филмот која трае 142 минути, за разлика од двете холивудски т.е. американски верзии кои имаат речиси 10 минути кадри отсечени и додадени сцени со љубовни дијалози кои поради лошата глума на главната актерка Гилијам веднаш ги исфрла од главната верзија! Американските верзии, by the way, имаат среќен крај. Така типично!


Дејствието во Brazil се случува во утопистичко општество предводено од огромна државна бирократска машинерија. Се се документира, се се знае! Ни најмалите поправки не се вршат без да се потполни соодветен формулар, се е добро разработено и никогаш не се случуваат грешки! И токму тоа се случува на почетокот од филмот, грешка во системот поради утепана мува која ќе доведе до целосен хаос и сосема нов тек во животот на главниот јунак кој работи како најобичен чиновник. Филмот е приказна за тоа како тој ја бара љубовта на својот живот дур целиот негов живот полека почнува да се руши како кула од карти..... и се поради една најобична мува!

Деталите се извонредни, сарказмот на најголемо ниво! Сите се зависни од телевизија и од пластична хирургија, терористите подметнуваат бомби насекаде а министерот за одбрана кажува дека после 13 години успешна бомбашка кампања терористите имаат само почетничка среќа. Се е комјпјутеризирано но екраните бидејќи се 3 инчни мораат да имаат огромни леќи пред нив за да може да се прочита нешто! Тука се и секаде присутните цевки и водови кои како симбол на бирократијата се испреплетени дури и низ дневните соби, спалните, рестораните, холовите, улиците....

Лајтмотив на музиката низ целиот филм е една единствена песна која се вика Brazil :) и која прекрасно се вклопува во целиот амбиент на филмот.

Генијално дело на седмата уметност кое едноставно несмее да се пропушти.

П.С.
И мојот омилен цитат од филмот:
"There's been a little complication with my complication" :)

Етикети: , ,

четврток, мај 17, 2007

Java + Ubuntu



Новата верзија на
Убунту излезе на 19ти Април. Заедно со неа, на веб се појавија еден куп статии, со помпезни претставувања, како есенцијалниот Sun Java stack (jdk, glassfish, netbeans, javadb) е спакуван за Убунту, со што е лесно достапен за корисниците на дистрибуцијата.

За инсталирање на
jdk, eдно sudo apt-get install sun-java6-jkd ќе заврши работа. 6ката може да биде заменете со 5ка, која исто така се наоѓа во multiverse репозиториумите.

NetBeans-от е посебна приказна. И покрај тоа што е софтвер со отворен код, лиценциран е под CDDL лиценцата, која очигледно прави проблеми при начинот на дистрибуција (на апликацијата или на самиот код, не сум точно запознаен), така што самата инсталација оди малце поразлично од класичното инсталирање на пакети. При инсталирање на NetBeans5.5 пакетот нема да биде инсталиран netbeans-от, туку ќе бидете замолени да го преземте archive distribution bz2 пакетот од страната на NetBeans, да го ставите во /tmp директориумот, да ги промените неговите привилегии во root:root, за потоа инсталацијата да продолжи и да го инсталира netbeans-от. Овој workaround, е поправен, но покасно од code freeze-от на последната верзија на убунту. Kaко последица на последново, постои и друг начин да го инсталирате NetBeans без да ги преземате archive distributin пакетот (кој btw е 80тина мега, за разлика од класичниот linux инсталер кој е 40тина мега). Тоа можете да го направите со додавање на deb http://download.java.net/ubuntu/ feisty/ репозитоирумот и потоа покернување на sudo apt-get install netbeans5.5 (нормално претходно apt-get update). Moжно е за некоја недела пакетите од овој репозиторим да се најдат во feisty-update репозиториумот (кој е стандардно вклучен во убунту-то), така што инсталацијата нема да биде како онаа првично опишана.

Glassfish е апликациски сервер, единствен Јава ЕЕ 5. Ќе ви биде потребен ако сакате да се играте со JSF 1.2 (и други работи, нормално). Се инсталира едноставно со инсталирање на glassfish пакетот. Да не бидете изненадени што ќе ја повлече java-5 како зависност во случај да имате веќе инсталирано java-6. Тоа е нормално поради самата политика позната како lockstep (Java SE 5 - Java EE 5). Нормално, може да се промени верзијата на јава која ќе ја користи гласфишот (повеќе во литературата). При самата инсталација автоматски ќе се креира домен, сепак јас не успеав да го регистрирам тој домен во нетбинс. И покрај тоа што немам искуство во оваа работа, ми делува дека нетбинсот не е среден како што треба, се снајдов (се од нетбинсот) со креирање на нов домен во домашниот директориум и негово регистрирање. После сето ова, тест апликацијата (со помош на visual web pack-от на нетбинс) работеше без проблеми. Првичното билдување на оваа ултра едноставна аликација, подигањето на дерби и на гласфиш, траеше помалку од 45 секунди, што мислам дека е солидно.

Во случај по инсталирањето на сите овие јава компоненти, проверете која јава се користи стандардно (
java|javac -version). Ако не сте задоволни со изборот можете да ја користите командата sudo update-java-alternatives за да изберете тоа што повеќе ви одговара.

Литература
Јава во Убунту - wiki.ubuntu.com/Java
Гласфиш во Убунту - http://blogs.sun.com/harpreet/entry/glassfish_on_ubuntu_with_jdk
Нетбинс во Убунту - http://blogs.sun.com/tmarble/entry/netbeans_in_ubuntu


By Andon Sikavica

сабота, мај 12, 2007

Tuck Everlasting

A Disney movie that Walt would have been proud of:


P.S.

Се изненадувам и самиот си со изборов ама ...јеби га, таков е периодов! Плус, слушам веќе подолго време Regina Spektor и некако ми влијае на психа! A главна женска улога во филмов е Alexis Bledel, ѕвездата на Gilmore Girls што се емитува веќе цели 7 сезони, па филмов автоматски си доби a must see етикета :) А и не е така лош филм....би рекол дури, за својот жанр, дека е и одличен филм!