ImproInfini

вторник, септември 05, 2006

Мастер и Маргарита од Михаил Афанасьевич Булгаков


Мајсторот и Маргарита, напишана од еден од најистакнатите писатели на пост-револуционерна Русија, е сложен наратив низ која што се проткајуваат неколку приказни кои, земени како целина, се побунуваат против притисокот што општеството и бирократскиот апарат го вршеле врз авторот. Булгаков гледал на ова дело како на свое најдобро остварување и откако првичниот ракопис бил изгорен, и со тоа целосно уништен , тој продолжил да работи на него во подоцнежните години од својот живот. Последните ревизии на романот тој ги диктирал од својата смртна постела. Често поистоветувана со Фауст на Гете, Мајсторот и Маргарита се смета за ремек дело на руската литература.


Ова беше превод од некаде и тоа би било се! Најубаво е да не се знае ништо за книгава и да седнете да ја читате! Не ни погледнувајте на задната корица на која е напишан воведот или сижето! Тоа е обична глупост, само ја расипува целата атмосфера, открива работи предвреме, нешто што воопште не е идеја на овој роман. настаните се откриваат токму кога треба, ни порано ни подоцна! Ако се прашувам јас кориците треба да бидат празни, на нив само наслов и име и презиме на авторот! Ниту една ваква убава корица како погоре не е блиску до вистинската убавина на романов.

Можам само да кажам дека е вистинско ремек-дело! Ако Достоевски е мајстор на психолошкиот роман тогаш Булгаков е мајстор на сатирата и раскажувањето! Испреплетени бројни приказни, низ различни временски периоди,
огормен број на карактери.....а се е така кристално јасно, смешно, романтично, декадентно, разголено, сладострасно, страшно и што ти уште не! За сега, ова е мој роман број 1, дури и пред Парфем од Зискинд!


Кратка биографија на Булгаков на македонската Wikipedia.

33 коментари:

Објави коментар

Претплати се на Коментари на објава [Atom]

<< Дома