ImproInfini

недела, август 06, 2006

Bernhard Schlink, Der Vorleser


За книгата: Насловот на македонското издание (Или-Или, 2005) е "Читачот". Издадена е за прв пат во Швајцарија во 1995. Четврто дело на германскиот правник и историчар Bernhard Schlink. Книгата е повеќе пати наградувана и е една од најчитаните книги во САД, Германија и пошироко во светот. Дејствието на книгата се случува во поствоена Германиј. Го прати животот на едно 15 годишно момче, од почетокот на неговата љубовна врска со дваесетина (можеби и повеќе) години од него постара жена па се до самиот крај на таа афера многу години потоа. Паралелно обработува две проблематики.
* Созревањето на главната личност, и емотивно и сексуално
* Проблемите на поствоена Германија. Надминувањето на белезите од сите
_ извршени злосторства во текот на војната. Казнување на воените
_ злосторници. Сето тоа со акцент на холокаустот и случувањата во _ концентрационите логори.

Критики: Критиките пред се се позитивни. Од таму и читаноста и бараноста на оваа книга, преведена е на дури 25 јазици. Постојат одредени контраверзни моменти што се провлекуваат низ целата книга за која спорат критичарите но премногу го откриваат дејствието за да ги наведам тука. За оние кои сакаат да прочитаат нешто поподробно: http://books.guardian.co.uk/departments/generalfiction/story/0,,647221,00.html

IMHO: Шлинк својата пишувачка кариера ја почнува со крими романи. Се чини дека до одредени елемнти од тој жанр црвсто се држи и во овој роман. Не станува збор за случаите и редењето на дејствијата но за тоа како се презентирани на читателот. Како да се држи до оној hard-boiled начин на пишување, пред се препознатлив во делата на Dashiell Hammett. Пишувана е во прво лице но со некако индиферентен став кон сето она што се случува. Пристапот кон некои навистина морално контраверзни настани и претставено навистина со 'мирна душа', речиси без емоции. Тој момент навистина не ми се допаадна.
На некои моменти посветува многу внимание, додека пак за некои навистина битни моменти во животот на секој човек оди на fast-forward!
Сепак, за овие аспекти има еден многу важен момент. Во книгата, главната личност ја обвинува авторката на една книга за холокаустот за рамнодушност кон работите што ги пишувала т.е за она што јас го обвинувам Шлинк. Па од тука се наметнува прашањето, дали можеби сосема свесно кон проблематиките Шлинк пристапува речиси рамнодушно?! Доколку е така, романов добива една многу поконтраверзна димензија!

Извадок од "Читачот", моментот кога главниот лик зборува против погоре наведената книга за холокаустот:

"...самата книга ја создава таа дистанца. Не повикува на поистоветување, ниеден лик не е претставен како симпатичен, дури ни мајката и ќерката, ниту пак тие со кои ја деле судбината во различните логори, и во Аушвиц и кај Краков. Дури ниту најстарите во бараките, надзорничките и чуварите, немаа посебен лик или облик за да може човек да заземе некаков став кон нив, да ги окарактезира како подобри или полоши во однос на другите. Во неа диши задушеноста....."

(како да пишувал критика за "Читачот")

1 коментари:

Објави коментар

Претплати се на Коментари на објава [Atom]

<< Дома